04.10.2026
Убав ден
Некогаш се' е магично. Без напор. Се будиш и едноставно се' е сето, цело, на број, потаман. Таков беше и овој мој ден. Навидум ист како секој друг, исполнет со обврски до врв, со сите предуслови за феноменални и долготрајни нервози. Ама не... Нешто кликна кога ги отворив очиве сабајле и се тргна во еден неочекуван правец. Ден на максимално уживање. Ден кога некако случајно, или можеби не, наидуваш на нов бенд кој те погодува во срце и нивната музика мислиш е баш за тебе. Ти ѕвони во ушињата, а ногата не може митно да стои и ти цупка горе-доле додека чекаш на семафор. Во тој момент ти се чини сонцето попријатно сјае, градот е почист од што се сеќаваш, а луѓево како да научиле манири и љубезност преку ноќ. Некако се ти оди од рака. Автобусот веднаш пристигна, лебот во продавница пред тебе го вадат и од мирисот на тазе печено ти иде тука да седнеш и да го смскаш баш цел. Убав ден. Ретки се овие, ваквите. Ама па дека се ретки, најубави се и ти го полнат срцето до горе. Наздравје!