Политика за приватност
Последно ажурирање: 23 септември 2026
ПАНДА.мк е мала независна платформа за пишување и читање. Не продаваме лични податоци, не користиме реклами за следење и не правиме профили на корисниците за маркетинг.
Оваа политика објаснува кои податоци ги обработуваме, зошто ни се потребни и што можеш да направиш со нив.
1. Кој ги обработува твоите податоци?
Контролор на личните податоци е:
Христијан, оператор на ПАНДА.мк
hristijan@panda.mk
ПАНДА.мк ги обработува личните податоци во согласност со применливите прописи за заштита на личните податоци.
2. Кои податоци ги собираме?
Се обидуваме да собираме што е можно помалку податоци.
Кога креираш профил
При регистрација собираме:
- е-пошта (прифаќаме само адреси од дозволени добавувачи);
- корисничко име;
- лозинка во заштитена форма (bcrypt), а не како обичен текст;
- датум на креирање на профилот;
- дали и кога е-поштата е потврдена.
За потврда на е-поштата и враќање лозинка чуваме хаширан еднократен токен, рок на важност и време на последно испраќање. Самиот линк е во е-поштата, не во базата.
Дополнителните полиња на блогот (име на блогот, опис, аватар и насловна слика) ги обработуваме за да можат да се прикажат како дел од твојот блог.
Ако регистрациите се затворени и се пријавиш на листата на чекање, ја чуваме е-поштата, датумот на пријава и дали/кога е испратено известувањето. Кога администраторот ќе отвори нова серија регистрации, може да испрати една е-пошта преку Postmark на неивестените адреси. Истата адреса не ја известуваме повторно при следна серија.
Кога објавуваш
Текстовите, насловите, ознаките, опционалните полиња (расположение, музика, локација, филм, книга), сликите и другата содржина што доброволно ја внесуваш се чуваат за да можеме да го обезбедиме блогот и функциите на ПАНДА. Истото важи за коментари и Guestbook пораки.
Ако нешто го објавиш јавно, тоа може да го прочита секој на интернет. Поединечните кориснички блогови и записи не ги нудиме на пребарувачите за индексирање (noindex); почетната страница, пример блогот ада и избрани страници на платформата може да се појават во резултати од пребарување.
Кога го користиш сајтот
За безбедност и функционирање, апликацијата може кратко да ја користи IP адресата, на пример за ограничување на обиди за најава, регистрација, повторно испраќање потврда, барање нова лозинка и листа на чекање. Тие бројачи се во меморија на серверот и истекуваат (до 15 минути за најава, до еден час за регистрација, е-пошта и листа на чекање). Суровата IP адреса не се запишува во базата.
Апликацијата не води траен дневник на посети (страница, прелистувач, уред). Ако хостингот или обратниот прокси води системски логови, тие се надвор од апликацијата и се чуваат според поставките на серверот.
Овие податоци не ги користиме за создавање профили за рекламирање.
3. За што ги користиме податоците?
Податоците ги користиме само кога се потребни за функционирањето на ПАНДА, на пример за:
- креирање и одржување на твојот профил;
- прикажување на твојот блог и текстови;
- најавување и безбедност;
- испраќање е-пошта за потврда на профилот, враќање лозинка и известување од листата на чекање кога се отвораат регистрации;
- спречување спам, злоупотреба и напади;
- решавање технички проблеми;
- известувања во самата платформа;
- обезбедување функции што сами си ги вклучил/а, како статистика.
Не ги користиме твоите податоци за следење на активноста низ други веб-страници или за персонализирани реклами.
4. Јавни и приватни податоци
Некои информации ги објавуваш намерно.
Ако твојот блог е јавен, неговото име, корисничкото име, описот, аватарот, насловната слика и јавните текстови може да бидат достапни за секој посетител.
Е-поштата е приватна по дифолт. Ако во опциите ја направиш јавна, се прикажува на профилот на блогот.
Ако објавиш Guestbook порака или коментар на јавен блог, и таа содржина може да биде јавна.
Приватниот блог или приватниот текст не се прикажуваат на јавните страници на ПАНДА.
Приватно не значи енкриптирано. Приватната содржина се контролира преку пристапот до платформата и не треба да ја користиш како сигурен простор за чување особено чувствителни информации.
5. Статистика
ПАНДА нема вклучено следење на читателите по дифолт.
Ако ја вклучиш статистиката за твојот блог, ПАНДА брои уникатни посетители на блогот и на секој јавен пост. Броењето е според хеш на IP адресата (HMAC), без чување на самата адреса, без колачиња и без отпечаток на уредот. Повторените освежувања од иста адреса не го зголемуваат бројот. Сопственикот на блогот не се брои.
Не се собираат referrer, земја, прелистувач или тип на уред. Бројките ги гледаш само ти, во архивата и на страничниот панел.
За јавниот дел Разгледај се чуваат посебни, краткотрајни хешеви на читање (48 часа), за да се подреди листата според свежина и читање. Тие не се дел од твојата статистика и не се користат за рекламни профили.
6. Колачиња
ПАНДА користи колачиња само кога се потребни за функционирањето на страницата. Не користиме рекламни колачиња и не користиме колачиња од рекламни мрежи за следење низ други веб-страници.
session_id: ја одржува најавената сесија, важи 30 дена или до одјава;csrf_token: ја штити формата од фалсификувани барања, трае додека е отворен прелистувачот;flash_posted: кратко (до 2 минути) покажува дека текстот е објавен, потоа се брише.
7. Со кого ги споделуваме податоците?
Не продаваме лични податоци.
Податоците се чуваат на серверите на ПАНДА: базата (Postgres) и датотеките (аватари, насловни слики, слики во постови) се на нашиот хостинг. Не користиме рекламни мрежи ниту CDN за следење.
За испраќање е-пошта за потврда на профил, враќање лозинка и еднократно известување од листата на чекање користиме Postmark. Тие ја добиваат адресата и содржината потребна за да се испрати пораката. Postmark не се користи за рекламирање.
Можеме да откриеме податоци кога тоа е потребно за исполнување на законска обврска или по валидно барање од надлежен орган.
8. Колку долго ги чуваме податоците?
Не чуваме лични податоци подолго од потребното за целта за која се обработуваат, освен кога подолг рок е потребен по закон.
- Профили: додека не го избришеш профилот. Бришењето го отстранува профилот, блогот, текстовите, коментарите, Guestbook записите, сесиите, токените за е-пошта и поврзаните датотеки.
- Неактивни профили: не се бришат автоматски.
- Токени за е-пошта: хашираниот токен се брише кога ќе се искористи, или истекува (24 часа за потврда, 1 час за нова лозинка).
- Листа на чекање: е-поштата и знакот дека е известена се чуваат за да не испраќаме повторно при следна серија.
- Е-пошта преку Postmark: адресата и испратената порака се обработуваат кај Postmark за да се достави е-поштата, според нивната политика за задржување.
- Сесии: до 30 дена, или веднаш при одјава.
- Серверски логови: апликацијата не чува трајни логови на пристап; ограничувањето по IP е само во меморија и истекува.
- Статистика: хешираните записи за уникатни посетители се чуваат додека постои блогот или постот. Записот за Разгледај се брише по 48 часа.
- Избришани текстови: се бришат трајно од базата, заедно со нивните слики, коментари и статистика.
- Резервни копии: ако серверот прави бекап, избришаните податоци може да останат во копијата до нејзина ротација.
9. Твои права
Во зависност од применливиот правен основ и околностите, можеш да побараш:
- информации за тоа како ги обработуваме твоите податоци;
- пристап до твоите лични податоци;
- исправка на неточни податоци;
- бришење на податоците;
- ограничување на обработката;
- приговор на одредена обработка;
- преносливост на податоците, кога се применува.
Профилот можеш да го избришеш од „Мои опции“. Текстовите можеш да ги експортираш во Markdown или HTML.
Ако сакаш да оствариш некое од овие права, контактирај нè на:
Ќе побараме доволно информации за да го потврдиме идентитетот кога тоа е потребно за да ги заштитиме твоите податоци.
10. Безбедност
Преземаме разумни технички и организациски мерки за заштита на податоците од неовластен пристап, губење, злоупотреба или промена.
Лозинките не ги чуваме како обичен текст.
Сепак, ниту една интернет услуга не може да гарантира апсолутна безбедност.
11. Надвор од ПАНДА
ПАНДА може да содржи линкови до други веб-страници.
Кога ќе ја напуштиш ПАНДА, нивните правила за приватност се применуваат наместо оваа политика. Провери ја политиката за приватност на веб-страницата што ја посетуваш.
12. Промени на оваа политика
Може да ја измениме оваа политика кога ќе се промени начинот на кој функционира ПАНДА или кога тоа е потребно поради правни или безбедносни причини.
Датумот на последното ажурирање секогаш ќе биде наведен на почетокот на страницата.
13. Контакт
За прашања за приватноста, личните податоци или остварување на твоите права, контактирај нè на:
Ако сметаш дека твоите права за заштита на личните податоци се повредени, имаш право да се обратиш и до Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија.