Чуда

Кога ќе умрат нашите родители ние веќе на никој не сме деца.
Од тој ден па натаму постоиме само за својот круг.

Луѓето кои не научиле за првите контакти со светот: првата храна, првиот допир, како сакаме, како тагуваме, како се лутиме... Се смртни.
Помислувам и на моето дете. Еден ден ќе се соочи со истава тага. И јас ќе отидам на "место без сигнал". Така и треба да биде, нели? Тоа е тоа што го викаат на погреби: да оди по ред.