22.10.2026
Изгрејсонце
Утринската убавина на првото изгрејсонце ме гледа со копнеж
и го соголува моето срце.
Во моите раце стојат сончевите зраци
како грешници пред икона
и пред мене ослепува светлината,
а никако да ги тргнам своите очи,
да замижам, никако да си заминам.
Расположение: Заглавено, Во моментот
Локација: пред сончевиот зрак