01.11.2026
Шумот на ветерот и морскиот плач
Верувањата на ветерот се тенчат по небото,
доспеваат до длабината од морското срце и го обвинуваат за разделбата.
А морето плаче цела вечност,
плаче од создавањето,
затоа е водено, длабоко,
затоа е на светов донесено.
Што знае тоа за разделба кога секогаш плаче,
кога плаче дење-ноќе,
кога плаче од создатокот на ветрот.
И ветрот што знае, освен да криви и вика,
и тој нема свое, нема ништо,
и вечно талка.
Така и се шета, во бескраен круг се влечи,
истите низини и долини ги врти
и на нив ја познава секоја мравка
и ја знае човековата мака.
Лут ќе биде кога ќе се вовлече пак
и на старото место ќе здогледа нов пат.
Така и природата зад ветерот и морето оди,
оди и се дели, и плаче и се влечи.