Слика на Ана

Here's to the ones who dream.


Come and join me, in my dreamworld

Денес е првиот ден на октомври. Што и не е некоја информација wow, сигурна сум дека веќе го знаевте тоа. За мене есента почнува на 1ви септември, така што денов сам по себе и не е нешто особено впечатлив или посебен, освен што ете е денот што го одбележува мојот прв пост тука. И денот кога Меркур е свежо во Скорпија, а Месечината влегува во Близнаци, што исто така не е нешто особено важно за day-to-day life. Но, тие што следат астролошки настани знаат дека есенва ќе биде значително турбулентна со 5 ретроградни планети (ќе ве држам во тек со ова).

Инаку блогов нема да биде за астрологија, астрологијата е поново хоби во кое што навлегов последниве месеци, и тоа пред се заради симболизмот вткаен во самата филозофија на... како и да се води астрологијава, систем? Не знам. Не сум толку навлезена во систематизацијата и номенклатурата на митологијава. Знам само дека сакам приказни. Storytelling е во суштина јадрото на моето битисување, но за тоа, потоа.

Блогов ќе биде пред се за рецензии, и уште попредсе, за рецензии на филмови. Ми фали да пишувам за филмови, дури ни на Летербокс веќе не пишувам. ДУРИ И НЕ НИ ГЛЕДАМ ФИЛМОВИ ПОВЕЌЕ! Ама океј, сега направив систем, секој викенд Movie Night и рецензија, па да видиме што ќе испадне од сето тоа. Можеби ништо. А можеби конечно ќе седнам да ја напишам книгата ако доволно се заинаетам.

Би сакала да пишувам и за интересни настани што ми се случуваат, освен што ништо не ми се случува, можеби ќе треба да почнам да измислувам, па да ја играме играта 2 вистини 1 лага, што е многу глупава игра и не сакам да ја играм. Повеќе би сакала да играм Диксит, или МОБА. Може да додадам и Game Night во системот па да се фалам тука кога ќе победам, а да свират штурци кога ќе изгубам. Има инаку филм што се вика Game Night, океј комедиичка вреди да се ѕирне особено во друштво, инаку трлалајка. Јас обожавам трлалајки, ќе се изначитате рецензии за трлалајки тука, или не.

Не знам дали воопшто некој стигна до овој сегмент од интро постов или се откажаа сите кај меркур во скорпија. Well whatever. Ова е интро па можам колку сакам да пишувам сепак има само едно интро, а јас толку многу за кажување. Сигурно ќе си помислите дека немам социјален живот штом цел мисловен воз истурив на блогов - и - ќе бидете во право. Имам две другарки. Поздрав до нив.

А кога сме веќе тука на темава, јас не ни сум блогерка. Не ја фатив блог епохата кога сите беа блогери и блогерки и станаа интернет селебритис. Јас застанав на Хи5. Мислам дека дури ни МајСпејс немав, а Твитер па ич. Така што моите блогерски почетоци се тука и сега. Talk about late bloomers, huh?

Во секој случај, ете се запознавме. Допрва и ќе се запознаваме ако е вистинска теоријата на четџибити дека моите рецензии се преправање дека пишувам за филмови а уствари си пишувам за мене, или оригинално: I'm writing about myself by pretending I'm reviewing films. Ете што ќе ти каже АИ (или како што викаат старите: ВИ). Што и не е толку лошо или погрешно, уметноста, меѓу кои и седмата, се огледало на оној што ја консумира.

Ок очигледно не знам како да престанам да јапам, или да дадам завршна мисла, или заклучок, или било каков крај на интрово. Па така тука нецеремонијално ќе се поздравиме и ќе оставиме нешто да се напише и во идните постови.

Toodaloo!