04.10.2026
Sunday Screening: Wake Up Dead Man (2025)
Пред 7 години Риан (Ријан?) Џонсон сними филм. Една форма на љубовно писмо кон whodunit жанрот насловен Knives Out. Во 2019та беше бум меѓу љубителите на Агата Кристи и класичниот ноар. Ок, можеби ова со класичниот ноар го измислив, но има релативно големо преклопување во множествата на љубители на Кристи и на ноари.
Нејсе. Да се вратам на Риан (Ријан?) Џонсон и Knives Out. Мене лично не ми се свиѓаше кога излезе. Дали можеби затоа што бев скептична за стилот и ми беше премногу whimsy за темата што ја обработува или можеби заради Ана де Армас, која тогаш не ја сакав баш-баш, а сега пак не ја сакам, ама не баш-баш туку така, сеедно.
Во склопот на целиот Knives Out универзум, моментално и првиот филм ми е така симпатичен. На страна од сите предрасуди, очекувања и овации. Ако треба да одлучам дали го има поминато тестот на времето (јакото време па 7 години), би рекла дека е силен предлог. Не затоа што фантастично ги поместува границите на уметноста, туку затоа што е толку audience friendly што ќе помине и кај некој што гледа само 10 филмови годишно (јас) и кај нешто што гледа 500 филмови годишно (ти).
Риан го има направено во иста мера и динамично забавен (најмногу благодарение на харизмата на пензионираниот Џејмс Бонд - Даниел Крег) и доволно комплексен за да не помине како уште еден шаблонски обид за мистерија. Колку и јас да хејтам и очекувам чуда и измислување топли води од извикан филм, на Џонсон мора да му се признае дека тоа што го има направено има тежина и генијалност. Да најдеш middle ground помеѓу филмскиот average Joe и префинетиот хипстер филмофил е навистина генијалност.
Вториот беше онака, here and there. Јас не го памтам нешто премногу, а го гледав не толку одамна. Слично како и вториот дел на Ocean's, препорачувам да се гледа чисто колку да бидеш во континуитет со универзумот. Моментално е најслаб во франшизата (идентично како и вториот на Ocean's).
Но тоа не носи до главната тема на оваа рецензија: Wake Up Dead Man.
Трае 2 и пол часа. Тешко да се убедиш да го пуштиш. Во поново време полесно е да избинџаш 10 епизоди од серија отколку да изгледаш филм од 2 и пол саати. Но, вреди.
Сетингот е таман па совршен. Мистериозна смрт во мало заборавено гратче/селце во Америка каде што главните ликови и дејства се случуваат токму во селската црква. Сите имаат мотив и сите се осомничени, а сепак никој не изгледа на убиец.
Со третиот дел се враќаме кон корените на целата франшиза и се враќаме кон амбиентот и сетингот предвиден за ваков тип на мистерија. И мора да признаам дека веќе со овој филм почнува универзумот на Knives Out да добива чувство на препознатливост.
Се надевам дека ќе продолжат со деловите бидејќи ако тоа се случи, ќе имаме фантастичен mystery universe за којшто едвај ќе чекаме да бидеме вовлечени во новата приказна на детективот Беноа Бланк.
Јас по гледањето на третиов дел баш се осеќав ко едвај да чекам да видам низ кои нови мистерии ќе чекориме и какви нови злосторства ќе откриваме заедно со Даниел Крег и Риан Џонсон.
Па, fingers crossed за нов дел во 2028.