Слика на Ана

Here's to the ones who dream.


Sunday Screening: Companion (2025)

Заљубена сум во жанрот „убави жени влагаат во revenge rampage“. Затоа, на пример, многу го сакам Kill Bill. Невестата е the OG во овој жанр.

Но, како да ја почнам рецензијава сега за Companion без да навлезам многу во спојлери? Имам чувство дека се што треба да се каже за филмов е спојлер. Јас имав некаква каква-таква идеја за што станува збор, ама сметам дека ќе беше многу подобро да не знаев апсолутно ништо, дури ни главниот мотив, што е релативно очигледен и дури го пишува во некои синопсиси на филмов (не читај ништо и не гледај трејлер на Нетфликс само пушти плеј!).

Најмногу што можам да кажам за дејството на филмов е дека е фантастично позитивен и whimsical ако го земеме во предвид дејството што го обработува. Шест луѓе собрани лабаво за викенд во луксузна куќа на езеро, опколени со природа. И се е супер додека не почне... да не е.

И покрај сите перипетии, филмов успева да ја задржи позитивната нота и динамика до самиот крај. Не знам зошто, во последно време Холивуд додава feel-good на се. Дали денешната публика нема стомак да гледа насилство, па мора секое убиство да биде хихихаха на филмовите? Тарантино и Ричи останаа последниот столб на gore cinema, за жал или за среќа барем нив ги имаме. Glass half empty, half full дебата што ќе ја оставиме за друга прилика.

Или причината е што Џек Квејд не знае како да биде сериозен лик и секогаш има улога на некаков папак. Мене, во сите улоги досега што сум го гледала, ми бил cringe комичен лик. Едноставно, тоа му е range-от, без разлика што е син на легендарната Мег Рајан.

Но океј, во овој филм неговата punchable фаца проаѓа зашто секако не навиваме за него. Или, ако ги прашаме психопатите на Редит, можеби навиваме за него. Во секој случај, јас не навивам за него.

Зошто не навивам за него? Дали затоа што е одвратен партнер или затоа што е одвратен човек со одвратни луѓе околу него?

И тука веќе влегуваме во феминистичкиот филтер на филмов. Можеби не толку поради тоа како Џош (така се вика ликот на Џек Квејд) се однесува како партнер во фиктивно сценарио на филм, колку поради тоа што многу реални мажи се однесуваат исто како него со нивните партнерки во вистински сценарија, во реалноста.

Дали тој real-life commentary, испреплетен со феминизам, му смета нешто на филмот? Мене не. Ако си алергичен на феминизам и третирање на жени како што треба, тогаш веројатно да.

Но, во секој случај, не е голем елемент во филмот. Не е идејата на филмот „ајде да ги хејтаме неспособните мажи што изгледаат како тролови за тоа како си ги третираат преубавите божествени девојки“. Идејата на филмот е КОМПЛЕТНО ДРУГА, ама не смеам да ви ја кажам!

Па сега си правиме онака муабет.

Инаку, мене филмот ми се свиѓаше, ко што кажав и во првата реченица од оваа рецензија. Е сега, дали ќе остане запаметен како некакво си ремек-дело? Um, не.

И тоа, една од причините зошто не, е затоа што има друг филм што е РЕЛАТИВНО сличен со овој и ужива апсолутен култен статус во индустријава. А тој филм е многу тешко да се надмине бидејќи беше меѓу првите во овој поджанр и како таков постави многу висок трешхолд.

И сега не можам да го кажам ни филмот ни поджанрот. Yeah, спојлери.

Anyway, требаше да биде пократок филмов за 2–3 минути. Има некој глуп епилог што ја ублажува последната (и најдобрата сцена). Уште мислам дека требаше да заврши малку порано, без многу одјави, зашто ќе добиеше на тежина малку повеќе.

Ама пак ќе кажам, Холивуд се плаши да им даде тежина на новите филмови и мора се да биде whimsical и полустрашно, полусмешно.

Истово ова изгледа е и во Obsession, филм што се надевам ќе го гледам наскоро, па ќе пишам и за него.

Гледајте го Companion ако се уште го немате. Давам препорака, ама со ограничени очекувања, зашто искрено е супер за да си ја поминеш саботата со забавен филм и пица, ама дефинитивно не е masterpiece.

Музика: Iris - Goo Goo Dolls Филм или серија: Companion (2025)