Насловна слика на Mалата_Aриел
Слика на Mалата_Aриел

Mалата_Aриел

Метаморфоза од морска пена до сопствени крила.


Утрински шепот.

“Се се менува,” шепна, во тишината,
и зборот исчезна, како утринска магла.
Не сакав да прифатам,
не сакав да верувам,
додека времето…
како нем сведок, стоеше, молчејќи.

... дочитај →

Етеричен пламен

​Во катарзата на утрото,
кога мразот отстапува пред етеричниот пламен,
ти не никнуваш
ти се возобновуваш,
како феникс од сопствената тишина.
​Твоите дланки се архитекти на плодната празнина,
каде секоја мисла е
исконско семе на светлината,
што ја пробива мембраната на стравот
со острината на дијамант.
​Сфрли го херметизмот на минатите таги,
како што античките скулптури
ја отфрлаат прашината на заборавот.
​Бидејќи процветот не е хронолошка етапа,
туку онтолошка храброст
да се биде прозрачен,
да се биде пулсирачка боја
во сивиот етер на вечноста.

... дочитај →