И јас имам нешто да кажам

Здраво,
седнав да напишам нешто и најверојатно ме фати трема, па еве ко за почеток би можела да споделам една од моите напишани песни.

Лавиринтот до мирот на душата

Што е тоа во душа што ти стои
Со тебе од утро до мрак денот го брои,
Некогаш боли, некогаш мотивација ти дава
Што е тоа што не ти излегува од глава?
Знаеш дека е длабоко во тебе
Те возвишува, но и те враќа во себе
Емоциите си лебдат сами
Дали на среќа или на тага умот те мами?
Понекогаш е мало, скоро и го нема
Понекогаш е лудо, умот ти го зема
Понекогаш па до облаци те крева
А понекогаш е само непотребна врева.
Дали сакаш во душата така да ти стои
Или го чуваш само за да не се осеќаш празен
Не знаеш што е, па самото ситуации си крои
Да го имаш или не е процес фазен.
А да не се лажеме, знаеш што е сигурно
Тоа те прави несигурно или посигурно
Треба да се расчисти во самата глава
Да се среди со одлука права.
Дотогаш чувај, негувај и трај
Или едноставно само стави крај
Верувај ми, не ти треба немирен вир
Се што посакуваш е мир