Како се чувствувам

Како се чувствувам?
Се чувствувам празно во себе, како да нема никој во мене. Тропни ми во срцето и ќе најдеш толку многу од ништото што е можно да се загубиш и сам. Па како сето тоа да го објаснам во како тоа се чувствувам. Осеќам тага, осеќам како да треба да сум некаде на друго место, како оваа душа да не е во ова тело. Сакам да сум разбрана, а разбирање немам ни према сама себе. Сакам да си помогнам, но ни тоа не знам како да го достигнам. Константно нешто јас сакам, константно нешто треба да се случува, константно нешто не е доволно. Се чувствувам како да немам граници, затоа што никогасш не сум ги поставила, не ги знам моите граници, јас немам мое јас јас. Постојано барам односно сакам некој да ја види мојата тага, мојата не можност да си помогнам себеси. Не сум сама, ама сум тотално осамена. Многу сакам да си помогнам на себеси, пробувам, сум пробувала и никогаш не успеало. Во љубовта сум имала и убави моменти и лоши моменти, но кога ќе дошло до моментот некој сам од себе да сака да ми помогне затоа што ме гледа дека психички премногу се уништувам, сите бегаат, на сите им е товар. Јас не знам поинаку, јас не знам да си го прифатам и гушнам детето во мене. Сите пре би ме ебеле него да ме држи за рака и да ми каже ќе дадам се од себе да си подобро. Сакам некој да има трпение со мене, јас не сум едноставен човек. Имам премногу желби во глава, сценарија, визии, идеи и се тоа што го мислам не можам да си го дозволам на себе и тоа ме иритира. Ме иритира се што моментално немам и не знам како да го пронајдам. Зошто е тешко некој да види дека ми е ебано тешко во животот и да си каже ако ништо друго бар да ја насмеам и да ја направам среќна дур сум со неа. Лесно е човек да ме насмее, лесно е човек да ме разбере доколку навистина сака да ме разбере. Па што треба јас да направам сега некое цв за себе и што ми е потребно? Не. Сметам дека вистинскиот човек своеволно ќе согледа дека се мачам психички, своеволно од љубов ќе направи истражување, ќе сака да дознае како да ми помогне. Ако ништо друго бар заедно ако некој ми даде насока и некое гледиште заедно ќе може да се потрудиме да сум подобро. Зошто е толку тешко некој само малку да ти помогне... малку ми треба. Се осеќам несподобно, уморно и ебано мртво во целата енергија што ја имам. Имам преживеано премногу работи, животно се супер, во прашање од луѓето.. луѓето ме имаат изневерувано, лажено, крадено, малтретирано, манипулирано, намерно нервирано, омаловажувано, не доследно. Јас не викам дека јас сум совршена, ама никогаш ама буквално никогаш не би го направила тоа на друг како што луѓето ми го имаат направено на мене. Јас сум човек со емоции милион на саат, како е можно мене да ми текнуваат сите работи како да се подобри некој физички и психички и затоа што знам дека е тешко сам да го прави тоа човек, секогаш нудам решение, нудам поддршка и упорност тоа да се оствари, човек не е роден да е сам. Зошто не може мене некој да ме види на таков начин? Зошто не може мене некој да ме види за она што сум јас јас? Порано не бев ваква, бев весела, бев горда, бев своја, а денес? Денес сум само труп умрен од сопствените борби со сама себе. Не верувам дека некој би ме разбрал ако не се разбирам ни јас самата, но верувам дека ако некој доволно те сака, ќе најде начин да ти го подобри животот на некој начин, како што јас би направила за тој некого. И како да се заљубам? Во кого? Во што? Никој ама буквално никој не ми рекол дај да те оправиме здравствено треба да си мајка на моите деца. Ова е чист пример. КАКО МОЖЕ НИКОМУ АМА НИКОМУ ДА НЕ МУ Е ГАЈЛЕ НИТИ ДА МУ ПОМИНЕ НИЗ УМ ДЕКА ТРЕБА ДА СУМ ДОБРА ВО ГЛАВАТА ЗА ДА СУМ ДОБРА ВО ЖИВОТОТ. Себична сум и себично се осеќам вака кога барам и чекам некој нешто да направи за мене или да ме види мене, ама и доста ми е веќе од сите што ме ебат само затоа што сум што? Со голем гз? Фала многу пријатно. Јас сум многу повеќе од тоа мноооооооооооооооооооооооооооооооооооооооогуууууууууууууууууууууу повеќе, но никој не го интересирало што сакам јас. Ебано е глупо ова чувство, без разлика на што ми било и како ми било и дали ми било, денес сум јас тоа што сум, се надевам дека еден ден некој ќе го види тоа во мене. Мојот мозок ме тера да не верувам, ме тера да се сомневам, ми прави сцени и ситуации што не се случиле затоа што некогаш одамна биле така и сега мора да се пак така со сигурност, мојот мозок ме лаже, се знам, го знам тоа но не можам да го тргнам од себе. Знам се за себе и како да си помогнам, но едноставно не можам сама. Сакам да живеам, сакам да сум жива. Доста ми е од објаснувања што кој и како треба да направи за мене, тоа не се кажува, вистинскиот човек сам согледува и наоѓа начин доколку го сака тоа. Јебига, изгубена сум, ме боли, не знам што да правам и не знам што е правилно. Едноставно не знам. Не знам како се чувствувам, се ми е измешано, се лутам на ситници затоа што се тригер дека ќе се повтори тоа што било, цел мој живот ми е некој вид на тригер, се што паметам се лоши работи, ве молам искоренете ги од мене. Сакам да си помогнам најмногу од се што сакам е да си помогнам, но јас не знам поинаку... научете ме поинаку...
Сакам да ме нема, сакам да сум далеку, сама.
Кога веќе ни самата не се разбирам, нити некој сака да ме разбере, не верувам дека ќе е проблем и да ме нема. Мене не ми е проблем да ме нема. Веќе ми е доста од се, доста од барање, доста од трудење, доста од давање и доста од чувствување. не сакам да молам никого за ништо, само очајно сакам да сум подобро. Повеќе не сакам да чувствувам ништо и ништо ни не чувствувам, се што има во мене се веќе однапред поминати работи, само се осеќам како да ги доживувам повторно но во друга средина.
Сакам да научам да живеам...