Слика на Блогот на @ednamisla

А што е животот ?!


Бели Хризантеми

знаевте ли дека среќата е зараза?

ланецот на ширење среќа и добрина е многу едноставен, само што заедницата решила да го комплицира.
Еден сончев ден еден човек реши да прошета по есенските улици, кои беа наполнети со жолтото лисје. А некаде на спротива од него човек кој мораше да го преживее денот, со продавање на тоа што нудеше неговото малото дворче. За тој ден беа белите хризантеми.
и сега е на ред човекот кој шеташе, така?
Неговиот потег беше лесен, решителен и значајно ДОБАР.
Здраво да ги земам белите хризантеми, колку чинат?
е сега веќе и двајцата беа СРЕЌНИ.
Тој си продолжи со прошетката, но в рака ги шеташе и белите прекрасни хризантеми.
А другиот човек побрза дома, затоа што некој го чекаше со шолјата топол чај.
и ако мислевте дека ланецот на среќата запре овде со нив, длабоко се лажете.
Хризантемите пристигнаа во друг дом, каде што ќе се задржат некое време, и секое утро ќе бидат причина за насмевка.
но тоа неделно утро беа фотографирани со утринската шолја кафе и собраа куп лајкови и насмевки на социјалните мрежи.

бели хризантеми знаете ли сега колку луѓе усреќивте :)