Слика на Блогот на @ednamisla

А што е животот ?!


Денот

Каде оде времето? Каде заминува денот после ноќта? Дали го јаде темнината?!
ама навистина каде се. Не стои во ни една папка,на ни еден рафт, да фаќа прашина како старта прочитана книга. пуфф и го нема.
Исчезнува како здивот и го снемува засекогаш. А, по некогаш не успеваме ни да се збогуваме со него, да му кажеме дека е сакан, дека е значаен, или пак дека во него сме се радувале.
Може ли да почнеме - кога не можеме за себе, за него да направиме нешто убаво, тој е овде кратко па да му покажеме колку е вреден и значаен баш што одлучил да биде дел од нашиот живот. да го испратиме со насмевка, пред да ни го украде темината.