← Новости

Што има ново на ПАНДА.мк?

05.10.2026

Последниве денови на ПАНДА.мк се додадени неколку нови работи и поправени се дел од проблемите што можеби и веќе си ги забележал/а. Еве што е ново.

Ново

Кога пишуваш нов пост или менуваш пост, сега имаш два таба: Текст и Изглед. Во „Изглед“ можеш да го видиш постот онака како што ќе изгледа кога ќе биде објавен: со форматирањето, сликите и останатата содржина.

panda11

Кога пишуваш нова објава, текстот сега автоматски се зачувува додека работиш. Промените се зачувуваат во позадина, па ако случајно ја затвориш страницата или се префрлиш на нешто друго, последната зачувана верзија ќе те чека кога ќе се вратиш.

panda22

Во Барања, коментари и Guestbook можеш да спомнеш друг корисник со @nickname. Спомнувањето автоматски станува линк до неговиот профил, а корисникот добива известување дека е спомнат

panda33

Во „Мои опции“ можеш да си ставиш и „локација“ - секако, не мора да е реална. :-)

panda44

Друго

  1. Профилната фотографија и каверот може да бидат GIF формат.
  2. На постовите можеш да гласаш со ▲, доколку авторот ја има вклучено таа можност. Истото гласање е достапно и директно од Разгледај.
  3. Непрочитаните Новости сега се бројат од моментот кога си се регистрирал. Постарите објави од пред твојата регистрација повеќе нема да ти се прикажуваат како нови.
  4. Барањата можеш да ги филтрираш според нивниот статус. На секое барање е прикажана и историјата на промените на статусот, а покрај датумот сега се прикажува и точното време.
  5. Ако во Мои опции имаш вклучено известувања по е-пошта, ќе добиваш Новости и други известувања и на твојата е-пошта. Доколку не сакаш да добиваш известувања — можеш да го смениш тоа во „Мои опции“.

Поправки

  1. Таговите на Разгледај (#tag) повторно работат и повеќе не водат до 404 страница.
  2. Гласањето и останатите акции повеќе не прикажуваат грешка кога си најавен. Ако ПАНДА.мк ти е отворена во повеќе табови истовремено, зачувувањето и гласањето сега работат нормално.
  3. Повторно работи и поставувањето слика на профил.
  4. Ако внесеш погрешна лозинка при најава, сега остануваш на формата за најава и можеш веднаш повторно да се обидеш, наместо да бидеш пренасочен на друга страница.

– Христијан, ПАНДА.мк