25.09.2026 · уредено
ПАНДА.мк: Манифестот
ПАНДА.мк е мала македонска блогинг платформа, љубовно писмо до 2000-тите и среден прст кон модерниот веб.
Во текот на 2000-тите, интернетот беше повозбудливо место за поминување на слободното време. Страниците беа брзи, креативни и чудни. Немаше напорни реклами на секој чекор, ниту тракери што те профилираат и те следат низ секој проклет сајт што го бараш, гледаш или читаш, само за подоцна да ти шитнат некој скапан SaaS или пластично говно иштанцано на другиот крај од планетата.
Кога .com гигантите го доближија интернетот кај секој посран шупак на планетава, ним пак им се отвори шупакот за кеш. Секое копче почна да мери нешто. Секое движење стана податок. Секоја празна површина стана место за реклама. Сакаш да прочиташ нешто? Може, но прво еве ти paywall. $10 месечно да ни го прочиташ нашиот AI slop текст. Fuuuuuuck you.
Некаде по пат, интернетот престана да биде збир од чудни мали места направени од луѓе и стана пет апликации кои нѐ вртат во бубањот на глупавоста.
ПАНДА.мк нема амбиција да го „поправи“ интернетот. Му нема спас. Тоа што може да го направи е да понуди мало место во него, подалеку од масовната хипноза на глупавштини.
Моите ветувања во однос на сајтов
-
ПАНДА.мк нема да исчезне без предупредување. Ако некогаш одлучам да го затворам, ќе имаш доволно време да ги симнеш сите свои текстови.
-
ПАНДА.мк нема да ги продава твоите податоци. Нема бизнис со рекламирање насочено според твоето однесување. Нема следење. Нема профилирање. Ако некогаш одлучам да рекламирам нешто на овој сајт, тоа ќе бидат мали бизниси и места што заслужуваат внимание: книжарници, библиотеки, кафулиња, кинотеки, алтернативни настани и слично. И тогаш рекламите нема да ти пречат во користењето на сајтот.
-
ПАНДА.мк нема да стане социјална мрежа. Нема следбеници, инфлуенсери, verified значки и трка за публика. Имаш блог. Пишуваш. Некој можеби ќе го прочита, можеби не.
-
ПАНДА.мк ќе остане брз. Нема причина една страница со текст да бара мегабајти JavaScript, десет библиотеки и половина минута за да се отвори.
-
AI slop = бан. Ако ти се пишуваат генерични срања со ВИ, оди на линкдин. Ова е место за човечки текстови, со сите нивни грешки, чудни реченици, лоши денови и лични мисли.
И што би рекол MRX: Have fun in cyberspace and meat space.