Христијан

Островот на изгубените битови


Има или нема?

Денес случајно дознав за „Големата вода“ - бенд на млади, талентирани и амбициозни дечки од Скопје.

Читајќи им го имево на бендов, од старт си викам, ау, јако име. Мене ми звучи патриотски, плус референца до македонска литература во името.

Им ја пуштив песнава „Има или нема?“ - и да ти кажам еве ја врти веќе втор час.

Баш ме потсеќа на моите средношколски денови кога одев на панк-рок свирки и не ги вадев од слушалки ХАХАХА, Бернајс, Новиот Почеток, Последен Удар, Лоши Деца, Мизар… Иако доаѓам од раперските макрапфаан браат кругови од западниов блок на Скопје, од стално ми пријала музикава на горенаведените и уште некои.

Морам да признаам дека имав и мала егзистенцијална криза, гледајќи ја новава алт генерација на млади како им врие крвта, рокаат профи музика, урлаат на шутки и уживаат во младоста и уметноста.

Некоја проста будала ќе рече - млади се, не знаат што прават. И ќе згрешат. NAS на 19 години ја отвори NY State of Mind со „I don’t know how to start this" и ја изрока најјаката трака и ја запечати во историјата на рапот.

Како и да е, јако.

Расположение: Среќно, Носталгично Музика: Големата вода - Има или нема?