29.09.2026 · уредено
Редизајнот на ТАЈМ.мк
Редизајнот на ТАЈМ.мк ми е најсмешното нешто деновиве. Не дека се лоши дечките што работат зад него, туку, сајтот цел живот има онаков сиво-бел едноставен изглед, плави текст-линкови и незаобленост на секциите во структурата - што од стално и ми се допаѓало (па и ПАНДА.мк е нешто слично).
Е сеа, веројатно одлучиле да прават некаков модерен 2026 редизајн - ама проблемот на сајтови како ТАЈМ што ги отвара цела република и пошироко е што на толкав трафик, да смениш дизајн е малце … така. Неубаво. Корисниците не сакаат да се навикнуваат одновно на нешто што веќе се навикнале и постои реален ризик да изгубат посетеност.
Па така, редизајнов иде неколку месеци, ама суптилно. Boiling the frog. Прво навигацијата горе се потсреди, па после секциите станаа со некаква минимална заобленост. Потоа помошните копчиња под секој кластер добија некаква боја и заобленост. Па сега најново и сликите под секоја вест се заоблени.
Ама ова иде така малце по малце, да те навикне као, да не ти стане шок одеднаш. Морам да признаам дека и јас касно почнав да ги забележувам маливе промени ама сега ми стана јасно. :D
Дефинитивно ми изгледа малце глупаво ама тоа е веројатно што се на пол-пат со редизајнот. Баш да видиме како ќе изгледа тајм за неколку месеци.
Еве пример како изгледаше тајм пред една година.