30.09.2026 · уредено
Безбедноста е убава додека не се заклучиш самиот
Си имав купено Google Pixel 6a телефон пред некоја година, секако на старо. Инсталирав GraphaneOS што тврдат дека се „најбезбедниот“ андроид форк - и така е. Праат некои магии, сендбоксови во оперативниот систем, дегуглификација и уште куп работи. Ни НЛБ мКлик не работи на него.
И секако, дел од моите животни успеси е редовно кршење на мобилни екрани на најглупавиот можен начин (еднаш ми падна тафче со палачинки врз екранот и се срони) па така и овој екран отиде.
Едноставно е нели, сум го правел милион пати ова ќе го направам и сега? Купуваш екран, засукуваш ракави, читаш документација, оштрафуваш, менуваш, лепиш. Крај.
Не баш.
Во Македонија нема екрани за GP6a, или додуше за ниеден пиксел. Мора од Кина.
Решив конечно да набавам нов екран од Кина, и стигна за 4 недели. Погрешен модел. Сум го утнал моделот, било за 6, а требало 6а. Добро, ајде нов. Нови 4 недели чекање.
И пројдоа. И не само што пројдоа туку и екранот стигна. Само што сега не ми текнува на пинот на телефонот. Го сменив пред 6 месеци кога си купив нов телефон.
GraphaneOS имаат rate limiting со пиновите, секој утнат пин после првите 3 пати утнати се мери во чекање и тоа оди вака:
60 sec = 1 минута
300 sec = 5 минути
900 sec = 15 минути
1800 sec = 30 минути (<- моментално сум овде)
5400 sec = 1.5 часа
14600 sec = 4 часа
43740 sec = 12.15 часа
131220 sec = 36.45 часа
393700 sec = 4.56 дена
1180980 sec = 13.67 дена
Можда „Миле, ќе почекам“ и не е толку лош бизнис, а?