04.10.2026 · уредено
Панда Пазар
Деновиве, додека работам на блогинг платформавa во меѓувреме работам и на „Панда Пазар“ (добро може нема да се вика така, многу ме потсеќа на Канта Пазар).

Ми фали некој едноставен онлајн пазар за книги, винили, друштвени игри, ретро електроника и слично. Па сите имаме по дома еден куп стари книги што никад не сме ги отвориле и предмети што заслужуваат нов дом.
Знам дека ИТ мк има маркетплејс, но тоа е повеќе за хардвер и видео игрици - не би се мешал таму, добро функционира, дечките се потрудиле ептен.
Некои други сајтови што ги знам се Реклама5 и Пазар3. Можда на Фејсбук има групи за ова (гарант), но не знам, одамна не сум отворил ФБ.
Овие два горе сајта се толку станати безвезе.. Натрупани со секакви категории, и што треба и не треба, стари незачистени огласи и дел од нив неписмено напишани.
Вртев на некој оглас пред недела дена - дечкото вика „друже огласот е од пред три години - продадено е“. Зборот ми е дека не модерираат. А и има премногу огласи, не знам, може дигнале раце и не можат да постигнат. Или само ги боли кур.
И на врвот на тоа, безвезно пребарување. Да ти е мука да ставиш оглас или да пребараш нешто.
Нејсе.