10.11.2026
Си имам куче мало
Си имам куче мало
Пола црно пола плаво
Во сон знае да прета
И да не престане да брефта
Моето куче е живо и здраво
Не знам како, да ви кажам право
Моето куче тежи еден тон
Мустаќи има како на сом
Колку години има? Питај Бога
Ама веќе не може да дигне нога
Нит' слуша, нит' гледа,
Не знае дали е вторник или е среда
Моето куче не е со сите, ич!
И би бил среќен кога ова би било виц
И по свој и по туѓинец тој лае
Неговото лаење се чу и до Влае
Вошки има полна капа
Едно по едно почна да ги лапа
И болви има по цело тело
За во вечни ловишта одамна е зрело
Моето куче е многу клето
Баш ништо не му е свето
Ама па какви има - лоши до бесвест
Моето куче е да паднеш во несвест