Слика на Mалата_Aриел

Метаморфоза од морска пена до сопствени крила.


Роза како подарок

Подари ми роза, допри онаму каде што нежноста ке ми ја разбудиш, а кучката која спие во мене,внимателно ќе ја оставиш да остане мирнадлабоко потоната во својот сон, истовремено покажи ми и дека во таа роза има многу љубов,внимание и почит, каде што моите очи ќе блеснат од сјај.
Насмеј ме со убавината на зборовите на твојот хумор и освој ме со моќта на твојата насмевка, ти го можеш тоа, бидејки веќе еднаш го стори тоа. Се извинувам,погрешив да беше еднаш, ќе запамтев кога беше, јас не паметам кога беше, туку само се сеќавам на моментот кој одново и одново се повторуваше,што значи тоа не беше само еднаш. Многу пати, ненамерно! Како да ме фрлаше во океан и иако знаев да пливам, јас се давев, бидејки
стравот беше посилен од мене и залудно ми беше тоа знаење што го имав.
Мислев дека ќе ме спасиш, бидејки ти беше тој, кој ме пушти во тој океан,залудно се надевав дечко, ниту ме спаси, ниту ми подаде рака за помош. Изнеси ме од својата дилема и внеси ме во светот на бајките, не мора таму каде што се е возможно, пушти ме во делот каде што постои љубовта,каде што постоиш ти, мене принц на бел коњ не ми треба, ми требаш ти.

1c2a7

Затоа подари една таква роза или пак воопшто не погледнувај кон мене…

Расположение: Креативно