18.10.2026
Момент на емоцијата!
Ако некогаш сакав да бидам во светот на возрасните, сега
тоа не сакам.. сфатив колку поголема тежина и одговорност имам
Едноставно сакам да сум дете, каде играчкиите ќе му бидат се на светот, ќе добива прегратка од секој, ќе спие колку сака и каде сака.
И позади сето ова се крие слободата, затоа што кога си дете најважна ти е слободата и за нејзе се буниш и бунтовиш.
Едноставно е, кога си дете не знаеш за граници, бидејќи си исто како и птицата во лет.

Го сакам тоа дете кое трчаше слободно си играше со што стигне, не го оставаше мечето свое и секогаш беше насмеано и среќно, го сакам тоа дете кое беше слободно и среќно и со себе носеше љубов, прегратки и насмевки.

Насмевката, онаа која од срце ќе ја изведеше за сечие срце.