20.10.2026 · уредено
Мојот манифест
Епа вака, во своите 24 години сфатив некои работи:
- Живеј за себе
- Радувај се на сè
- Животот е поубав кога се радуваш на сè
Што мислам под сè ова? Епа годинава решив дека животот е прекраток да го брзаш и да го напишеш како never-ending to do list со обврска после обврска. Смеам сабајле кафето да го пијам со музика и да поживеам во меурче додека не ме тресне реалноста. Смеам и да решам дека денеска најбитното нешто во светот е галење со мојата Оливера пред да реши да ме гребе. Тие се тие мали радости во денот кои вредат да се памтат и запишуваат. Е па зошто трескам за мачки и за кафиња и музики, стигам до поентата полека. Како личност што цел живот нешто пишува, запишува и шкртка кога ми излезе страната на Панда на инста си го сфатив како знак дека Панда е за мене. Па еве ме си го правам блогчево чисто за себе, за да си се вратам од време на време и да се сетам дека се е во ситниците. Сметам дека се што се искусува во животот треба да се запише безразлика дали е мало или не. Ова е моето официјално здраво до Панда и верувам дека ќе имаме доста дружење. :)