03.11.2026
Дупла диплома, дупла среќа
Денеска бев на двојно бранење на дипломска на мои драги некогашни колешки, сегашни другарки. Испадна најспонтано да браната една по друга, ист ден, саат за саат. Емоциите што вирееа во мене денес не знам како би можела да ги опишам со зборови. Мислам дека кога јас ќе дипломиран (надежно) нема да ја осеќам среќава од денес. Денов не само што е голем самиот по себе затоа што и двете ми дипломираа, туку и затоа што го проживеав она ,,Убаво да имаш со кој за споделиш тага ама уште поубаво е да имаш со кој да споделиш среќа".
Никогаш не ги разбрав а и нема да ги разберам оние бранења на дипломски каде кријат не кажуваат или едноставни дипломираат без никаква публика по свој избор. Знам секој има личен избор и се тоа ама мислам дека големите моменти во животот се големи поради луѓето со кои ги делиме. Општо животот е прекраток да не се прослават малите и големите моменти со луѓето што ги сакаш без разлика што за тебе претставува славење. Ова што го искусив денес само ми потврди дека на крајот од денот животот е она што го правиме не она што навистина е. Ако си решен да се фатиш на тонот на гласот со кој си кажал здраво денес, ќе го пропуштиш моментот дека си кажал здраво на некој.
Уф голем ден, големи емоции и ушто поголема среќа. Додатен плус што месецот ноември почнува со нешто убаво и позитивно за разлика од мрачните спомени.
За крај посакувам сите да ја осетат таа среќа барем 10 пати во животот ако не и повеќе и за крај среќно дипломирање драги мои Ј. и И. идеме да симињаме ѕвезди.