24.10.2026
Кога јагнињата ќе стивнат
Последниве десетина дена ја читав ,,Кога јагнињата ќе стивнат" од Томас Харис, да истиот наслов како и филмот со Ентони Хопкинс каде го глуми доктор Ханибал Лектер. Искрено малку психички тешко дело за човек како мене. Под човек како мене мислам некој што премногу длабоко навлегува во се што чита и гледа и премногу длабоко копа по ликовите и нивните карактери и одлики.
Просто човек може да се загуби во мозокот на фиктивниот Лектер и сите негови мисли и разлисувања и морали и неморали и принципи по кои живее и покрај се што има направено. Се сретнав со доста длабоки психолошки мисли и реченици (Лектер на крајот од денот е пишуван на е психолог) ама едно што ми остана на мисла е она ,,кога јанињата ќе стивнат".
Кратко, Клариса е студнтка на ФБИ и се наоѓа со задача да оди да разговара со прогласениот психопат доктор Ханибал Лектер кој убил доста луѓе на какви не си начини и се гордее со неговите готвечки способности за различни делови од човековото тело. Ја праќаат затоа што има нешто студирано психологија па им треба психолошки профил за да го користат за наоѓање на Бафало Бил, и тој е серски убиец ама само на жени. Е баш кратко ама тоа е, небитно, битно е тоа што Лектер работи на принцип quid pro quo и за се што Клариса бара од него од од неа бара да ми кажува за нејзините трауми од детството. Епа во нивното последно среќавање Клариса добива тоа што и треба и нормално мора да врати со траума па си раскажува за ранчот на тетка си каде живеела некоја година. Зборува за старата кобила Хана што била спремна да стане храна за кучиња, ама таа едно утро станала, ја врпегнала и избегала со неа. Кога Лектер ја прашува зошто баш тој ден го одбрала Клариса признава дека тоа утро ја разбидило блеењето на јагнињата кои го носеле на колење и сакајќи самата да избега од тоа а и да и помогне на саканата Хана, побегнала со кобилата. Последната реченица која Лектер и ја кажува на Клариса е ,,Збогум Клариса. Дали ќе ми јавиш кога јагнињата ќе стивнат?".
Е сега доаѓаме до оној момент кај што ме стави во мисла.
Блеењето на јагнињата го гледам како метафора за трауми за лоши мемории за работи од кои сакаш да избегаш. Стивнувањето освен што е момент кој со душа се чека, станува и реализација дека тоа што се стивнати значи дека се мртви. Ова за мене преставува оној болен процес на процесирање и справување со се што ти се десило до сега. Па ме запраша дали и кај мене навечер се слушаат јагнињата? Дали ме буди тоа блеење? Па секако, не верувам дека постои човек што нема блеење на јагниња во животот, кај некого се погласни, побројни кај некој потивки ама секој ги има. Кај мене моите јагниња блеат најгласно ноќе и на есен и зима. Тој период од мојот живот секогаш ќе се истоветува со лоши спомени и моменти па затоа јагнињата најгласно блеат во октомври и ноември. А дали ќе стивнат? Па искрено се надевам дека и да и не. Знам малку комплициран контрадикторен одговор ама која би била јас ако не комплицирам и се контрадиктирам сама себе. Ако стивнат тоа значи дека доволно далку сум избегала, веќе не блеат, не се слушаат. Ама тоа што не се слушаат не значи дека не постојат или дека никогаш непостоеле. Па затоа се надевам дека нема да стивнат, дека ќе блеат секој 20 ноември и секогаш кога времето ќе залади. Чисто да стојат како потсетник дека блеењето значи дека постојам, дека сум постоела и ќе постојам и покрај се што се случило.
Затоа се надевам дека моите јагниња нема да стивнат целосно, само доволно за да ме потсетат дека постојам во свет каде после пожар во шумите најпрво растат цвеќињата .