Слика на Христијан

Островот на изгубените битови


Студентите испумпаа

Студентите во Србија победуваат победија. Двегодишна битка со трул систем. Го испумпаа одвнатре и го детонираа на парчиња. И баш ми е мило. Им се случуваше истата, ама баш истата приказна и болна битка кака нас во времето на Груевски и неговата багра. Ние се надевавме на добро, нѐ снајде полошо. Им држам среќа на Србите да си ја направат Србија поубаво место за живеење, и револуцијата да не си ги изеде децата. На младите е иднината на една земја, а студентите се во право и да не се во право.

Моето омилено видео од студентските протести на соседите

Девојка го изненадува своето момче за време на пречекот на студентите, на околу 1.000 километри од нивната почетна дестинација. Тој е еден од многуте српски студенти кои тргнаа на велосипедско патување до Стразбур, со цел да го свртат вниманието на европската јавност кон сè посилното протестно движење во Србија.

Расположение: Среќно Музика: Ljubi se istok i zapad - Plavi Orkestar